ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ОКОЛИНА, ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
РАПИД БИЛД ја утврдува оваа политика за квалитет, околина и здравје и безбедност при работа заради обезбедување на услугите кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат според важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди.
Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволството на клиентите од извршената работа се најважните вредности според кои РАПИД БИЛД ја мери и ја одредува својата вкупна успешност.
За постигнување, одржување и зајакнување на тие вредности, трајно се обврзуваме:
- Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува
- Да набавуваме најсовремени материјали и опрема, како и да ја одршуваме и подобруваме инфраструктурата и околината за пријатна работа
- Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
- На клиентите да им нудиме најоптимални и целосни решенија
- Да реализираме решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на клиентите
- Да водиме грижа за животната срeдина и околина
- Рационално да ја трошиме енергијата, суровините и останатите природни ресурси
- Да спречуваме создавање на отпад и вршиме класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање
- Да бидеме одговорни кон вработените преку воведување на безбедносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми
- Да соработуваме со сите заинтересирани страни со отворен и културен дијалог, со цел заеднички да се допринесе за подобрување на безбедноста и здравјето при работата
- Да ја применуваме и подобруваме ефикасноста на системите за управување со квалитет, околина и здравје и безбедност при работа, втемелени на барањата на меѓународните норми ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018 и да тежнееме кон надминување на висината на тие барања
- Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет, околина и здравје и безбедност при работа.
Секој вработен во компанијата мора да биде запознат со политиката за квалитет, околина и здравје и безбедност при работа, да ја прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.