Услуги
Високоградба
Станбено-деловни објекти
Станбено-деловните објекти изведени од страна на Рапид Билд како за главна одлика се носат со епитетот за модерни и современи објекти, реализирани и изведени по сите светски критериуми. Во овој тип на високоградби Рапид Билд врши изведба од типот клуч на рака, каде се јавува како изведувач на сите градежни фази или пак изведува само фаза карабина (армирано-бетонска конструкција со ѕидарски работи).
Околу услугата
Она што Рапид билд со сигурност ви го гарантира е брзината и квалитетот на изведбата која стои како наш примат. Оттаму, одликите на објектот изграден од Рапид Билд се:
- Изведба во најскор временски период
- Најквалитетни материјали
- Врвна технологија
Индустриски објекти
Рапид Билд изведува армирано-бетонски или челични конструктивни системи за сите видови на индустриски објекти (хали, производни погони, хангари, настрешници, складишта итн.). Во зависност од потребите и барањата на инвеститорот Рапид Билд се јавува како изведувач на сите градежни фази т.е тип клуч на рака или како изведувач само на фаза конструкција (армирано-бетонска или челична).
Околу услугата
За изведба на челичните конструктивни системи Рапид Билд поседува:
- сопствени производни погони
- модерна опрема
- транспортни средства
- материјали кои овозможуваат брза и квалитетна изведба
Нискоградба
Гасоводна Инфраструктура
Користејќи ултра модерна опрема и материјали за градба Рапид Билд се наметна како лидер во изведбата на Магистрални Гасоводи во Република Македонија. Специфично за овие проекти е тоа што за прв пат македонска компанија е носител на работите за изградба на Магистрален гасовод со висок притисок. Дополнително убаво е да се знае дека кај нас во Рапид билд е остварена првата набавка и употреба на машини за автоматско заварување (орбитални глави за заварување) на територијата на Република Македонија од страна што овозможи завршување монтажно-заварувачките работи на проектот во предвидениот рок. Исто така за прв пат РАПИД БИЛД ДОО примени квалитетна полиетиленска изолација за изолирање на заварените споеви, со што се овозможи поголема трајност и период на експлоатација на гасоводот.
Околу услугата
Рапид Билд може да се пофали со изградба на неколку значајни проекти од овој тип:
- Магистрален гасовод делница Клечовце – Блок станица 5
- Магистрален гасовод делница БС5 – Неготино со ГМРС Штип и ГМРС Неготино
- Магистрален гасовод делница Скопје – Тетово – Гостивар
- Магистрален гасовод делница Неготино (Кавадарци) – Битола
Канализациони системи
Рапид Билд изведува атмосферски и фекални канализациони системи од секаков тип – бетонски, челични или ПВЦ системи. Со опремата и материјалите кои ги користи Рапид Билд повторно ја докажува својата професионалност и во ова поле.
Патна инфраструктура
Рапид Билд изведува патишта со придружни патни објеки (подпатници , надпатници , клучки, мостови), терминали, партерни решенија итн.