Квалитетен асеизмички конструктивен систем од армирано – бетонски столбови, греди и плочи со вградена марка бетон МБ30-40;
- Темелна армирана бетонска плоча со дебелина од 120цм за зголемена стабилност;
- Врвна асеизмичка стабилност на објектите која ќе ја докажеме преку тест „Вештачки земјотрес“ со 5.5 степени според Европска макросеизмичка скала во соработка со ИЗЗИС;
- Термо фасада со дебелина на стиропор Д = 8цм. Според стручната „Студија за топлинска заштита, пародифузија и топлинска стабилност на градежните конструкции и енергетски карактеристики“ на новите станбено-деловни објекти, тие се нискоенергетски од класа А и далеку ги надминуваат барањата за новиот Правилник за енергетски карактеристики на згради во Македонија;
- Внатрешни преградни ѕидови од 15цм со керамички блок и малтер и сендвич ѕид и керамички блокови со термозвучна изолација од 25цм меѓу становите и заедничките простории;
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ
-
Локација: ул. Моша Пијаде бб – Куманово
-
Инвеститор: УПМ – ГРУП ДООЕЛ Куманово и ХРОМАК ЕМИЛ ДООЕЛ Куманово
-
Улога: Изведувач на фаза карабина, Армирано-бетонска к-ција со ѕидарија
-
Година: 2015-2016