На проектот за Изградба на магистрален гасовод делница Блок станица 5 – Неготино со должина од 36км каде како Инвеститор се јавува АД Македонски Енергетски Ресурси, РАПИД БИЛД ДОО е главен изведувач (Лидер на група на понудувачи), каде согласно договорот во период од 06.2016 до 12.2017 ги изведува следниве работи:
- инженеринг и изработка на детален дизајн
- набавка, растовар, складирање, утовар и транспорт на челични цевки
- набавка, растовар, складирање, утовар и транспорт на опрема и материјали (ГМРС, топли колена, фитинзи, вентили, изолација)
- виткање на челични цевки
- монтажнно-заварувачки работи (распоредување на цевки, заварување со атестирани постапки за заварување, изолација, положување во ров, заварување на монтажни споеви)
- радиографска контрола на заварени споеви
- комплетна изведба на блок станици и Главни Мерно-Регулациони станици (монтажно-заварувачки работи, градежни работи, катодна заштита, електро работи, хидро тестирање) – вкупно 4 Блок станици и 2 ГМРС (Штип и Неготино)
- градежни работи (подготовка на работен појас, копање и подготовка на ров, затрупување на цевка во ров, заштита од свлечишта и ерозија, заштита на долови, ревитализација на земјиште и враќање во првобитна состојба)
- специфични градежни работи (премин под река Вардар и река Луда Мара)
- премини под патишта и железнички пруги со отворен ископ и хоризонтално бушење
- изведба на хидро тестови (тест на јачина и непропусност) на премини на главна линија, премини под реки, патишта, блок станици и железнички пруги)
- монтажа на HDPE цевки и попатни шахти
- обележување на траса на гасовод
- изведба на привремена и перманентна катодна заштита на линиски дел, блок станици и ГМРС (изведба на cadweld заварување, набавка и монтажа на станици за катодна заштита, изработка и монтажа на мерни места за катодна заштита)
- високонапонско електро напојување на станици за катодна заштита и ГМРС
- чистење и калибрација на гасововна линија
- сушење и продувување на гасовод
- изведба на Проект на изведена состојба и Проект за употреба и одржување на гасовод Специфично за овој проект е тоа што за прв пат Македонска компанија е носител на работите за изградба на Магистрален гасовод со висок притисок.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ
-
Локација: Неготино
-
Инвеститор: Македонски Енергетски Ресурси на Република Македонија
-
Улога: Главен Изведувач
-
Година: 2016-2017