Share

Нискоградба

Нискоградба

Нискоградба

 

Гасоводна Инфраструктура

 

Користејќи ултра модерна опрема и материјали за градба Рапид Билд се наметна како лидер во изведбата на Магистрални Гасоводи во Република Македонија. Специфично за овие проекти е тоа што за прв пат македонска компанија е носител на работите за изградба на Магистрален гасовод со висок притисок. Дополнително убаво е да се знае дека кај нас во Рапид билд е остварена првата набавка и употреба на машини за автоматско заварување (орбитални глави за заварување) на територијата на Република Македонија од страна што овозможи завршување монтажно-заварувачките работи на проектот во предвидениот рок. Исто така за прв пат РАПИД БИЛД ДОО примени квалитетна полиетиленска изолација за изолирање на заварените споеви, со што се овозможи поголема трајност и период на експлоатација на гасоводот.

 

Околу услугата

Рапид Билд може да се пофали со изградба на неколку значајни проекти од овој тип:

  • Магистрален гасовод делница Клечовце – Блок станица 5
  • Магистрален гасовод делница БС5 – Неготино со ГМРС Штип и ГМРС Неготино
  • Магистрален гасовод делница Скопје – Тетово – Гостивар
  • Магистрален гасовод делница Неготино (Кавадарци) – Битола

 

Канализациони системи

 

Рапид Билд изведува атмосферски и фекални канализациони системи од секаков тип – бетонски, челични или ПВЦ системи. Со опремата и материјалите кои ги користи Рапид Билд повторно ја докажува својата професионалност и во ова поле.

 

Патна инфраструктура

 

Рапид Билд изведува патишта со придружни патни објеки (подпатници , надпатници , клучки, мостови), терминали, партерни решенија итн.

Share post: