Share

Рапид Билд во 200 најголеми компании!

Рапид Билд во 200 најголеми компании!

Според годишната едиција 200 НАЈГОЛЕМИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА, подготвена и издадена од Еуро Бизнис Центар – Скопје, Рапид Билд со просечен број на вработени од 228 се рангира на 161-во место во Република Македонија, а за споредба во 2015 не е воопшто на ранг листата.

Едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА секоја година објавува листи од 200 најголеми и 200 најуспешни фирми, како и најголемите и најуспешните банки и осигурителни компании. Ранговите се определуваат според податоци добиени од Централниот Регистар на Македонија по прегледот на годишните сметки на фирмите и како критериум се зема приходот (најголеми фирми) и добивката пред оданочување (најуспешни фирми), односно капиталот и резервите (најголеми банки) и добивка/загуба пред оданочување, бруто полисирана премија (најголеми осигурителни компании). Сите компании кои се на листите добиваат можност да ја претстават својата успешна приказна на останатите компании.

Рапид Билд е почестена за признанието и секогаш настојува кон напредување на сите полиња.

Share post:

Leave A Comment

Your email is safe with us.